go crazy - онтологија

безуми повеќе

(се) безумат
Вид збор: Глагол, несвршен
Останува без ум, губи памет.
Примери:
Детето се безуми од страв.

забрливи повеќе

забрливат
Вид збор: Глагол, свршен
(се забрливи) Стане брлив.
Албански: çmendem
Примери:
Од многу пиење се забрливи.

побрливи повеќе

побрливат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане брлив.
Албански: hutohem, bëhem i marrë

полуди повеќе

полудат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане луд.
Албански: çmendem
Примери:
Старата полуди кога ја чу веста за смртта на синот.

помери повеќе

(се) померат
Вид збор: Глагол, свршен
Се мрдне од умот, полуди.
Примери:
По сите настани што и минаа преку глава, кутрата се помери.

помести повеќе

поместат
Вид збор: Глагол, свршен
(се помести) Се помери од умот, полуди.
Албански: çmenden, luaj mendsh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се помести од умот.

смавне повеќе

(се) смавнат
Вид збор: Глагол, свршен
се спобудали, се спопалави, се споулави
Употреба: Дијалектен збор

спобудали повеќе

спобудалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се спобудали) (непреод.) Стане будала.
Албански: çmendet
Примери:
Се спобудали пред една година.
(се спобудали) Стане како будала, како луд.
Албански: çmendet
Примери:
Се спобудали детето по играчката.

спопалави повеќе

спопалават
Вид збор: Глагол, свршен
(се спопалави) (непреод.) стане палав, се спобудали, се споулави
Албански: çmendet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се спопалави по смртта на единакот.
(се спопалави) Стане како луд, будала.
Албански: çmend
Примери:
Се спопалави по неа.

споулави повеќе

споулават
Вид збор: Глагол, свршен
(се споулави) Стане улав.
Примери:
Се споулави жената.